МФ: Граѓаните од денеска скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда

Граѓаните од денеска скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано преку МојДДВ #МојаНаграда. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), од денеска до крајот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари.

Според Министерството, за да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата економија, но и да се прилагоди #МојаНаграда на ситуацијата со КОВИД-19 кризата, 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки. Поради тоа, бројот на месечните награди ќе остане ист, но ќе се смали нивната вредност.

По извлекувањето на 4 јули, кога по старо ќе се доделат 15 награди од по 100.000 денари, останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората премија, како што беше и првично предвидено, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари.

„Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од ковид-19, наведува Министерството според кое, граѓаните кои скенираат сметки и натаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда“, велат од Министерството за финансии.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе