Tрошоците за живот се зголемуваат, платите стагнираат

Месечно на едно семејство му требаат 34.342 денари, две минимални плати не се доволни за трошоците за живот

За основните месечни потреби на едно семејство му се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу осум илјади денари, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, а според проценката на ССМ, ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница. 

Анализите на ССМ, како што изјавиле оттаму за МИА, покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.

Посебен товар за граѓаните е и почетокот на учебната година, па според ССМ, за ова би се потрошиле најмалку осум илјади денари само за еден ученик.

Пораст на трошоците на живот евидентира и Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за август, пораст е забележан кај зеленчукот за околу 15 проценти, кај сирењето и урдата за 1,1 процент, кај месото за 0,9 проценти, кај лебот и житата за 0,7 проценти и кај млекото за 0,6 проценти.

„Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот, тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на синдикалната минимална кошница”, оценуваат од ССМ и предупредуваат дека ако продолжи минималната плата да стагнира односно да се усогласува без да бидат прифатени забелешките од синдикатите, ќе има тренд на осиромашување на населението.

 

ССМ извесен период бара минималната плата да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата, а при последното усогласување во март годинава побара да не се земе предвид падот на Бруто домашниот производ како еден од трите параметри за усогласувањето, но нивниот предлог не беше прифатен.

Од Министерството за труд и социјална политика, пак, укажуваат дека во изминатиот период се бележи пораст на платите во државата. Повикувајќи се на официјалните статистички податоци за јули годинава, додаваат дека нето платата е зголемена за 1.309 денари во однос на јули минатата година.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето плата за јули 2021 година, која е објавена во септември 2021 година, изнесува 28.540 денари и е повисока за 1.309 денари во однос на истиот месец од претходната година или 4,8 проценти. Нашите очекувања се и понатаму да има пораст на платите во земјата со што ќе се влијае и на состојбата на животниот стандард на граѓаните”, велат од Министерството.

Во однос на предлогот на ССМ да не се зема предвид негативниот пораст на БДП при усогласувањето на минималната плата, од МТСП појаснуваат дека во законот се утврдени критериуми за корекција и оти какво и да било менување на овие критериуми, мора да биде разгледано во рамки на социјалниот дијалог.

Минималната плата во земјава изнесува 15.194 денари во нето износ. Ново усогласување се очекува во март следната година. При усогласувањето предвид се земаат три параметри – една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП. 

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе