„Секако дека не е лесно во услови на кризи од секаков тип, да се држи чекорот со планираните инвестиции, но со упорност, посветеност и труд на АД МЕПСО и на изведувачот на проектот Далекувод од Загреб, во рок се завршени активностите на 400 kV полиња од ТС Битола 2 до ТС Мелити Грција, oд ТС Битола 2- ТС Скопје 4,oд ТС Битола 2- ТС Дуброво, oд ТС Битола 2- ТЕЦ Битола (Блок 3) и трафо полето ТР.1 ТС Битола 2-400/110кV. Со овој процес на модернизација и реконструкција на 400/ 110 kV трафостаница Битола 2, на долг рок не само што ја зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенергетскиот систем, туку новата опрема треба да ги сведе на минимум и ризиците од испади или дефекти. Во услови на енергетска криза дополнително е важно што со новата високонапонска опрема значително ќе се намалат трошоците што АД МЕПСО ги има за одржување на оваа трансформаторска станица“, велат од МЕПСО.
Проектот за рехабилитација на ТС Битола 2 е со вредност од 3,18 милиони евра од кои 2,2 милиони се сопствени средства на МЕПСО а останатите се заем од ЕБОР.