По денешниот прекин на струјата

МЕПСО: Прекин на струјата откако не беше ставена на располагање системската резерва

Денешните прекини на снабдувањето со електрична енергија во Скопје и околината се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви од АД ЕСМ, соопшти АД МЕПСО.

Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви кои не ни беа ставени на располагање од страна на АД ЕСМ, соопштија од МЕПСО.

АД МЕПСО немаше можност да изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа и напонска поддрша со ангажирање на хидроелектраните со кои нормално секоја година се обезбедуваат системските резерви неопходни за за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем.

Од МЕПСО велат дека денеска во 12.07 часот е вклучен далекуводот ТС Скопје 4 – ТС Скопје 3 со што се подобриле напонските прилики во регионот и се нормализираа тековите на моќност.

„Во 12 часот вкупното моментално производство на електрична енергија приклучено на преносната мрежа на АД МЕПСО изнесуваше околу 400 MW и тоа од термоцентралите ТЕ Битола 2 и ТЕ-ТО како и од ВЕЦ Богданци. Притоа во мрежата немаше ангажирано хидро производство, поради тоа што истото не беше предвидено од страна на АД ЕСМ во дневниот возен ред. Ова значи дека не беше ставена на располагање системската резерва, односно резервата за секундарна и терциерна регулација од хидроелектраните, кои се основна алатка за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем. АД МЕПСО немаше можност да изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа и напонска поддрша со ангажирање на хидроелектраните со кои нормално секоја година се обезбедуваат системските резерви неопходни за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем“, информираат од МЕПСО.

Поради тоа, како што соопштуваат од МЕПСО е предизвикан дефект на 110 киловолниот далекуводот и пад на напонот во повеќе трафостаници што предизвикало и прекин на струјата во скопско и тетовско.

Интервенирале екипи на МЕПСО и ЕВН Дистрибуција по што е отстранет дефектот.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе