Менувачниците кои шпекулираа на штета на граѓаните ќе бидат санкционирани, најави Ангеловска-Бежоска

Вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, во гостувањето во емисијата „Топ тема" на телевизија Телма изјави дека на две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, а оние менувачници кои ја прекршиле регулативата, ќе бидат санкционирани со парични казни.

Гувернерката посочи дека е извршена контрола кај 64 менувачници и дека кај една четвртина од нив се забележани законски неусогласености во работењето.

Ангеловска-Бежоска посочи дека засилените контроли се преземени во насока на заштита на граѓаните, во време кога се забележуваат засилени шпекулации. Освен засилените контроли, таа потсети и дека Народната банка донесе мерка со која им се дозволува на менувачниците доколку немаат евра, да набават од страна на банките.

„Донесовме измена на подзаконски акт, дека ако менувачницата нема доволно девизи во тек на денот може да купи од банките. Инаку на нето-основа, менувачниците имаат вишок на девизи, тие ги откупуваат од граѓаните и понатаму ги продаваат на банките,“ рече Ангеловска-Бежоска.

Повика на општествена одговорност и да не се шпекулира, особено со стабилноста на денарот, бидејќи стабилноста на денарот значи и макроекономска стабилност и не е во ничиј интерес таа да се наруши.

„Граѓаните не треба да стравуваат – денарот и е ќе остане стабилен. Народната банка води политика на стабилен курс на денарот во однос на еврото и има капацитет и соодветен инструментариум, да го одбрани курсот, како што впрочем тоа го правеше и низ годините,“ порача гувернерката на централната банка. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе