Менаџментот на „Лидл“ на Заев му ги претстави плановите за отворање маркети во земјава

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се сретна со менаџментот на германската компанија „Лидл“ и на средбата разговарале за влегувањето на компанијата во земјава, за што веќе е регистрирана во Македонија.

Според Заев, новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздравил позитивните практики препознатливи за „Лидл“ во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија.
Менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска, извршен директор на „Лидл“-Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски - директор на централните служби, како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентирал плановите за новата инвестиција во земјава. Тие кажале дека компанијата планира својата прва инвестиција во Македонија да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“ и кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Опремата која ќе се користи во центарот за логистика е според најсовремените стандарди во Европа.
Како што соопштија од владината прес-служба, во однос на стратегијата за експанзија, на средбата било истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ.
Плановите на „Лидл“ за инвестициите во Македонија се да оствари долгорочна, одржлива, одговорна соработка, како со своите клиенти, деловни партнери, така и со своите вработени, но истовремено да делува како општествено одговорна компанија со одговорност кон животната средина. Менаџментот на компанијата Лидл додал дека се надева на конструктивна соработка со македонските институции и во иднина.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе