Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа

Менаџерот на БИМ Стојанче Стојанов - „Творец на векот“

Долгогодишниот директор, а сегашен претседател на Одборот на директори на компанијата БИМ а.д. од Свети Николе, Стојанче Стојанов на шестиот „Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа - 300 НАЈДОБРИ", ја доби престижната - голема награда „Творец на векот" за животно дело во претприемништвото со златна лента - за 2018 година. Признанието во Дубровник, Хрватска, е доделено за личниот придонес и успех во развивањето на претприемништвото.

Стојанче Стојанов

Наградата е добиена во конкуренција на 363 претприемачи од Австрија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Норвешка и Србија и претставува највисоката награда што се доделува на таа манифестација.

Стојанов во своето обраќање пред присутните бизнисмени од повеќе земји од Средна и Југоисточна Европа истакна дека претприемачката филозофија која ја применува во раководењето со БИМ е содржана во целта секогаш да се биде еден чекор пред конкуренцијата.

„Во менаџирањето со компанијата постојано и посветено внимавам постојано да внесуваме иновации во процесите на производството, во развојот и воведувањето на нови производи. Само на тој начин една компанија може да развива пазарна виталност и да опстојува  не само на домашните, туки и на регионалните пазари. Успесите на една компанија не можат да се градат на национално ниво, секогаш мора да се гледа од регионална, па и глобална перспектива. Тука е формулата за успехот на БИМ“, рече Стојанов.  

Компанијата БИМ а.д Свети Николе е формирана 1957 година, како фабрика за производство на битуменски мешавини. Од тогаш бележи континуиран развој, пред сѐ во производството на висококвалитетни хидроизолациони ленти на база битумен, полимер модифициран битумен, битуменски маси, разредени битумени, оксидирани битумени, битуменски пасти и китови, битуменска емулзија, битуменска шиндра... Со асортиман од над 100 производи кои наоѓаат широка примена во градежништвото, како во нискоградбата, така и во високоградбата, компанијата е присутна на пазарите во Австрија, Албанија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Полска, Романија, Русија, Украина, Чешка и други земји.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе