Меморандум за соработка на Стопанската комора со Универзитетот од Битола

Пред поголем број стопанственици од Пелагонискиот регион, како и претставници од областа на научната дејност, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, потпишаа Меморандум за соработка.

Претседателот Азески истакна дека формализирањето на соработката преку Меморандумот е сериозен чин што ја зајакнува на повисоко, научно ниво како резултат на искуствата и знаењата на стручниот кадар од двете институции преку дизајнирање на заеднички содржини и решенија во насока на унапредување на истражувањето значајно за голем број активности што се преземаат во нашата земја. Тој исто така нагласи дека со потпишувањето на овој Меморандум се зајакнува довербата помеѓу двете институции во реализацијата  на сите активности.

Квалитетниот дијалог во креирањето на макроекономската, развојната и другите видови политики во Македонија е значаен за развој на економијата во нашата држава. Тоа ќе поттикне и соработка помеѓу институциите и развивање меѓусебна доверба во остварувањето на јавното-приватно партнерство.

Придобивките од оваа соработка ќе имаат можност да ја користат повеќе чинители, бидејќи преку јакнење на капацитетите на приватниот сектор за организирање и менаџирање на своите планови и активности, за подготвување на проекти и промовирање на добрите бизнис практики ќе се влијае на унапредување на пазарното стопанство и неговата конкурентност, како и на искористување на средствата од програмите и фондовите на ЕУ.

Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на универзитетот „Св. Климент Охридски“ -  Битола, се заблагодари на претседателот Азески за долгогодишната поддршка и соработка што на овој начин  само се продлабочува. Притоа, тој ја истакна подготвеноста на оваа високо образовна институција да излезе во пресрет на барањата на бизнис секторот и со своите идни планови за конкретна поддршка во истражувања и подготовката на квалитетни анализи за идните предвидувања на компаниите во своето работење, а посебно за подготовка на планови за обезбедување кадар на долгорочен план и унапредување на вештините и компетенциите на нивните вработени.

Во таа насока, ректорот Коруновски на Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески му врачи Плакета во знак на благодарност за особен придонес во досегашната соработка.

Оваа година Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола слави 40 години од своето постоење, а Меморандумот се склучува во очи на патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој брои 11 факултети, 1 научен институт, 5 придружни членки.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе