Меѓународниот балкански универзитет сѐ популарен меѓу студентите

Со месец октомври и стартот на зимскиот семестар, новата академска година веќе почна на сите универзитети во земјава. Меѓу нив и на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) кој на први октомври ги отвори вратите за новите 500 студенти, како и за оние кои претходните години го избраа токму овој универзитет. А причина за тоа секако е високиот квалитет на образовниот процес кој го обезбедува МБУ.

Универзитетот, на кој функционираат 7 факултети, располага со модерен и опремен кампус кој нуди одлични услови за настава. Во МБУ има 6 амфитеатри кои можат да примат од 80 до 140 студенти. Амфитеатрите се опремени со најсовремена опрема и технологија. Освен тоа, универзитетот располага и со две компјутерски лаборатории во кои студентите имаат можност практично да ги развиваат вештините во сферата на информатичката и компјутерската технологија. Конференциската сала на МБУ е една од најголемите во државата, со капацитет од 450 седишта, опремена според највисоки стандарди, со професионално озвучување, осветлување и видео проекција.

За студентите достапен е и Медиа центарот во кој имаат можност да научат како се произведуваат медиа материјалите на универзитетот - промотивни материјали, фотографии, видео, веб страна, социјални медиуми, итн. Овој центар нуди можност и за стажирање на студентите.

Дигиталната соба е наменета за оние кои студираат дизајн и уметност и вклучува специјализирана компјутерска лабораторија, стилус таблети за графичко цртање, фото студио и атеље за цртање.

Предавањата на универзитетот се одвиваат преку интерактивно работење и високо професионален однос меѓу професор и студент. Наставата се одвива преку теоретски предавања надополнети со практични примери, а преку овој спој се овозможува побрзо и полесно совладување на материјалот и се стекнуваат ефективни навики за учење. Истата се одвива целосно на англиски јазик.

Наставниот кадар го сочинуваат голем број меѓународно признати професионалци со високо реноме во своите дејности.

Завршната оценка на студентот се формира преку полагање на колоквиум, завршен испит, активности на час и истражувачка работа. Присуството на предавањата е задолжително, а ваквиот пристап кон образовниот процес сериозно влијае на квалитетот на наставата и на можностите за студентите на најдобар начин да се здобијат со знаење и вештини.

МБУ е подготвен за новиот предизвик наречен академска година 2019/2020 и на сите студенти им посакува успешна година.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе