Меѓудржавен експертски тим ќе работи на проектот за пругата кон Бугарија

Се планира да се формира заеднички тим на експерти од Северна Македонија и од Бугарија со цел да се соработува на проектот за железничката пруга на Коридор 8, информира ЈП за железничка инфраструктура по средбата на директорот Фестим Халили со неговот бугарски колега Красимир Папукчиски, што се одржа во Софија.

Халили и Папукчиски на состанокот во канцелариите на Бугарските железници во Софија разговарале за продолжување на соработката меѓу двете железнички компании за железничката врска со Бугарија преку Коридорот 8.

„На средбата беше презентирана досегашната работа на Бугарските железници и се планира да се формира заеднички тим на експерти помеѓу двете земји, со цел да се соработува на железничкиот проект на железничката пруга на  Коридор 8. Генералниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија Красимир Папукчиски вети дека во блиска иднина и тој истотака ќе ги посети Македонските Железници“, пишува во информацијата на интернет страницата на ЈП Железничка инфраструктура, Железници на РСМ.

Железничкото поврзување на двете држави се планира за 2023 година. Напредокот на работите на првата делница од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце, на крајот на минатата година изнесуваше 65 проценти, а надлежните институции ветија дека ќе биде готова во втората половина од годинава. За тој период се најавува и објава на тендер за втората делница Бељаковце-Крива Паланка, додека за третата од Крива Паланка до границата со Бугарија, сè уште се преговара за обезбедување финансии. Поврзувањето треба да биде со изградба на тунел во должина од 2.400 метри на граничниот премин Деве Баир.

 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе