Канадските истражувачи најавуваат

Медицинскиот канабис би можел да помогне во борбата против ковид-19

Податоците собирани во тек на четиригодишните истражувања на канадскиот универзитет Летбриџ (University of Lethbridge -College & University in Lethbridge, Alberta, Canada), ветуваат дека одредени екстракти од канабис може да помогнат во превенција на ковид-19.

Истажувачите Олга и Игор Ковалчук ги испитуваат ефектите на медицинскиот канабис од 2015 година. Покрај ефектот на канабисот при стрес, воспалителни состојби, дебелина и канцер, тие објаснуваат дека ЦБД преку врзување со одредени рецептори (АСЕ2) може да го спречи навлегувањето на вирусот во клетките.

„ACE2 рецепторот е клучен за врзување, навлегување и реплицирање на вирусот во организмот. Со противвоспалителниот ефект на канабисот овој процес може да се успори со што би се намалило ширењето на вирусот во организмот“.

Како што наведваат истражувачите, важно е екстрактот од канабис да содржи висока концентрација на ЦБД (канабидиол, CBD), без или со минимално присуство на ТХЦ (тетрахидроканабинол, THC).

„Следен чекор е спроведување на клинички студии, но сепак, имајќи ги предвид моменталната епидемиолошка состојба и брзината на ширење на вирусот, треба  да ги искористиме сите потенцијални терапевтски можности во борба против коронавирусот", истакнуваат истражувачите.  

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе