МБА: Банките предвремено ќе ја исплатат и мајската пензија

Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од утре.

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на мајските пензии. Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 27 мај, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата мајска пензија. 

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери кои не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред: во среда, 27 мај – пензии во висина до 11.000 денари; во четврток, 28 мај  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во петок, 29 мај  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; во понеделник, 01 јуни –  пензии во висина над 18.000 денари.

„Апелираме  сите корисници на пензии кои досега не го сториле тоа, при посета на филијалите и експозитурите заради подигнување готовина од мајската пензија, да пополнат барање за изработка на дебитна картичка.  Со тоа,  при исплатата на следната пензија, физичкото присуство во експозитурите и филијалите ќе биде помало, а секој пензионер ќе има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.

Корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласна со насоките“, се вели во соопштението на МБА.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе