Маврово - Ростуше ќе добие нов регионален пат

Општина Маврово и Ростуше ќе добие ново поврзување со изградба на регионален пат кој ги поврзува Извор и Гарски Мост, а во меѓувреме се работи на рехабилитација на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница, долг речиси 20 километри. Овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село, Бунец, Маврови Анови, Жировница, Ростуше, Бошков Мост, Дебар, Блато до границата со Албанија, со вкупна должина од над 60 километри.

Директорот на ЈП „Државни патишта", Ејуп Рустеми за време на денешниот увид во работите во овој регион, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, рече дека освен нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови, се работи и на заштита од одрони на повеќе точки.

Рустеми најави дека се отпочнати активностите за изградба на регионалниот пат Извор – Гарски Мост и дека за тоа се обезбедени 20,2 милиони евра.

„Во оваа прилика сакам да напоменам од важноста за уште еден проект кој ќе обезбеди подобра комуникација и се однесува на локалниот пат Ниќифорово – Леуново. За него штотуку е завршена проектната документација, а наскоро се очекува да се почне и со реализација“, рече директорот Рустеми.

„Изминативе години во овој регион работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти, како што е рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево и патните правци кон и околу Маврово. Изградбата на патиштата е приоритет. Развиена инфраструктура, значи развој на економијата во земјава, затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти, рече премиерот Ковачевски.

Тој напомена дека од голема важност е довршувањето на патните Коридори 8 и 10 и носењето на одлуката за влез на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка".

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски смета дека преку изградба на патишта ќе се засили домашната економија.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе