Мастеркард бесконтактните картички на Еуростандард банка со нов дизајн и 3Д безбедносна технологија

Еуростандард банка продолжува да вложува во развој на своите услуги и продукти, овој пат со нов освежен дизајн на своите Мастеркард стандард (Mastercard® standard) кредитни картички, Мастеркард голд (Mastercard® gold) кредитни картички и Мастеркард бизнис (Mastercard® business) кредитни картички, кои покрај модерниот изглед, имаат и 3Д безбедносна (secure) технологија.

Со овие картички, корисниците имаат едноставен и лесен пристап до средстватa 24 часа на ден, 365 дена во годината, преку мрежа на банкомати во земјата и низ целиот свет. Картичките имаат и „3D Secure” технологија која овозможува безбедни плаќања преку интернет, технологија потврдена со меѓународните сертификати на „Mastercard® SecureCode”.

Предности на сите Mastercard® standard и Mastercard® gold кредитните картички се бројни, почнувајќи од минимален месечен износ за отплата од 3,0% од вкупниот долг, потоа можност за кредитен лимит до 3 плати или 800.000 денари, па сè до бескаматен грејс период до 45 дена за трансакции на продажни места и без надомест за користењето на картичката во првата година.

Корисниците на Mastercard® business картичката имаат контрола врз своите финансии во секое време и можност да уживаат во безброј поволности како што се кредитниот лимит до 600.000 денари, немањето надоместоци за издавање и користење нa картичката како и за дополнителните картички и за извршените трансакции на продажни места.

Со воведувањето на овие измени во своите картички, Еуростандард банка продолжува да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност. 

Комерцијален текст

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе