Зголемени трошоците на животот во април годинава

Маслото, шеќерот, овошјето, зеленчукот, лебот, пивото... со повисоки цени споредбено со минатиот месец

Трошоците на животот во април годинава се зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто. На годишно ниво, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со март 2022 година, е забележан кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 12,9, свежото и разладеното овошје за 4,4, сирењето и урдата за 3,7, месото за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,3, пивото за 1,9, рибата и морските плодови за 1,7, кафето, чајот, какаото за 1,6, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,3, лебот и житата за 0,8, жестоките пијалаци за 0,7 и виното за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 46,6 отсто, туристичките аранжмани за 8,9, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 4,3, гасот за домаќинствата за 4,1, течните горива за домаќинствата за 2,6, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 1,9, теписите и другите подни покривки за 1,8, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, големите алатки и опремата за 1,7, мебелот и покуќнината за 1,5, обувките за 1,3 отсто, цврстите горива за домаќинствата, домашните миленици и сродните производи за 1,1, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,9, малите алатки и останатите додатоци, услугите за рекреација и спорт, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,8 отсто.

Пораст на трошоците на живот има и кај текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, игрите, играчките и хобијата за 0,6 отсто, терапевтските помагала и опремата за 0,5, облеката, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 0,4, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, рестораните, кафулињата и сл., накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, фармацевтските производи, велосипедите, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање и другите лични предмети за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со претходниот месец, пак, е забележано кај медиумите за снимање за 2,6 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, градините, растенијата и цвеќињата и електричните апарати за лична хигиена за 0,3 отсто. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе