Влада

Маржата на огревно дрво и пелети се ограничува на 10%

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе