ХАЕМУС

Мартинки - почна манифестацијата Среќна баба Марта

Традиционалната манифестација „Среќна баба Марта 2020“ по седми пат се отвори на 26 февруари на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со признавањето „мартинката“, како традиционален украс на нематеријалното светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до први март и покрај оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и креативна работилницa за деца.

„Статусот којшто УНЕСКО му го додели на ХАЕМУС како носител на обичајот „Мартинки“ кој е светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО е огромна одговорност за нас како граѓанска организација. За таа намена беше креиран долгогодишниот проект „Денот на баба Марта“ преку кој покажуваме дека ги почитуваме верувањата и обичаите поврзани со мартинките и ги негуваме во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција, едукација и популаризација“, вели Василка Димитровска, директорка на ХАЕМУС.

Традиционалната манифестација „Среќна баба Марта 2020“ се прави со поддршка од Министерството за култура, град Скопје, Капитол Мол и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за отворени образовни ресурси.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе