Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), Административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,1 процент), Рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.