Директорот на делегацијата на германското стопанство

Мартенс: И заживувањето на старите индустриски објекти е интересна можност за германските компании

Како последица од настанатата криза со коронавирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и во Северна Македонија. Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали. За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила може да се зголеми индиректно, пишува во денешната утринска телеграма директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Повикувајќи се на стручната анализа што ја објави Делегацијата во понеделникот, Мартенс вели дека со растот на слободните економски зони во земјава и заживувањето на старите индустриски објекти, се појавуваат интересни можности за германските компании.

„Во овој момент особено е битно да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа“, оценува тој.

На прашањето, пак, за последователните трошоци како резултат од користењето на мерките за поддршка на стопанството кое, според него, си го поставуваат сите компании, треба да се одговори што поскоро и транспарентно.

„Минатата недела Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) ги претстави резултатите од Ворлд бизнис аутлук анкетата (пролет 2020), која се спроведе помеѓу германските комори во светот. Добиените резултати покажуваат дека германските компании во странство ги чувствуваат во целост последиците од пандемијата на коронавирусот. Сите релевантни истражувања кои се спроведени досега се разликуваат во однос на степенот на претстојниот пад во стопанството во нивните земји. Прогнозите се менуваат секојдневно и се одраз на фактот дека во моментов сè уште ситуацијата не е јасна“, пишува Мартенс.

Тој додава и дека за да се спречат последиците од економската криза споредливи со онаа од 1929 година, Владите во САД, Германија, но исто така и во Северна Македонија презедоа силни мерки за јакнење на компаниите и не ги повторија грешките направени со водење политика на штедење кои беа направени во 1929 година.

„Особено е важно да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа. Одржливото закрепнување на економијата нема потреба само од терапија  што ќе делува веднаш, туку има потреба и од чувство за пропорција ‘Вклучување на државата што е можно помалку, вклучување на државата онолку колку што е потребно‘. Откако компаниите ги поздравија мерките за поддршка на стопанството, треба да се стремат кон што е можно поскоро враќање со полна снага на пазарот“, пишува Мартенс во утринската телеграма.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе