Ден на пензиската свесност

MAПАС до младите: Информирајте се, имате право на удобни пензионерски денови

„Секој човек има право на удобни пензионерски денови и квалитетен живот, а за тоа е важна пензијата. Затоа постојано работиме на подигнување на свеста кај младите, за повеќе да се информираат и да ги користат можностите на пензискиот систем“, порача претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) Максуд Али по повод 15 септември, Ден на пензиската свесност, повикувајќи ги младите да се информираат за правата и функционирањето на пензиските столбови.

„Едукацијата и информирањето на јавноста е долготраен и континуиран процес. Целта е подигнување на свеста кај населението за придобивките и карактеристиките на тристолбниот систем како важен дел од социјалното осигурување. Нашата постојана посветеност за пензиска едукација на населението дава позитивен резултат, а ние и во иднина ќе продолжиме со едукативните активности, вели Али.

Капитално финансираното пензиско осигурување има вкупно шест пензиски фондови, три задолжителни и три доброволни. Повеќе информации за задолжителните и доброволните пензиски фондови, за регулативата и нејзините промени, како и за правата и обврските на членовите може да се најдат на интернет страницата www.penzija.mk.

МАПАС ги поттикнува граѓаните да се информираат за правата, обврските и придобивките од задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Во 18 часот денеска МАПАС преку својата фејсбук страница организира квиз на знаења, а најуспешниот натпреварувач, оваа недела ќе биде награден со таблет. Квизот ќе се одржува еднаш неделно во текот на три недели во живо.

МАПАС организираше и ликовен конкурс за деца на возраст од 6-11 години на кој учесниците испраќаа свои цртежи. Најдобрите цртежи ќе бидат подарени во домови за стари лица, авторите на најдобрите цртежи ќе добијат подароци – училиштен прибор.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе