ВЛАДА НА РМ

Мaнчевски: 20, а не 10 дена можност за граѓаните да реагираат при подготовка на прописите

За консултации на Единствениот национален електронски регистар рокот да се зголеми од 10 на 20 дена, одлучи Владата на последната седница.

Според министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, со оваа одлука на Владата се придонесува за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите.

„Зголемувањето на рокот за консултации има за цел да поттикне поголемо учество на пошироката јавност и граѓаните при подготовка на прописите. На тој начин креаторите на политиките ќе носат одлуки  засновани на аргументи и во консултација со сите засегнати страни. Со целосна примена на ЕНЕР ќе се овозможи системски и отворен дијалог и со бизнис-заедницата“, рече Манчевски.

Со оваа одлука се предводува прописите пред да се достават на разгледување во владина постапка задолжително да се објавуваат на ЕНЕР.

„Тука, во период од 20 дена јавните корисници ќе може да ги испраќаат своите коментари и на тој начин да се вклучат во креирањето на новите предлог закони преку дискусија и давање предлози, со цел квалитативно да влијаат врз донесувањето на новите законски решенија“, рече Манчевски.

Собранието од 2011 до 2016, повеќе од половина од законите ги донесе по скратена постапка - во 2014 повеќе од 50%, а во 2015 повеќе од 70% од законите.

„Ова значи дека граѓаните не беа вклучени во подготовката на најголем дел на предлог закони. Со оваа измена во Деловникот за работа на Владата, сите засегнати страни ќе имаат можност и време да се вклучат во креирање на новите предлог закони“, рече Манчевски.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе