ЕДИНСТВЕНИОТ БРЕНД ОД МАКЕДОНИЈА ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АЗИЈА

Мама'с во фришоп продавниците на аеродромот Ататурк во Истанбул

Од почетокот на 2017 година производите на македонскиот бренд „Мама'с" се најдоа на полиците на Јунифри дјути фри (Unifree duty free) продавниците на аеродромот „Ататурк" во Истанбул каде што веќе одлично се продаваат.

 

Достапни за повеќе од 60 милиони патници годишно, кои патуваат до 360 дестинации во светот, ова е единствен бренд од Македонија, дел од стотина меѓународни брендови кои се достапни во модерните и ексклузивни продавниците. Изборот на асортиманот во овие продавници се прави врз основа на меѓународни критериуми за квалитет и побарувачка.

“Отворањето на нови пазари за „Мама'с" е од особена важност, и е во релација со нашата мисија, да им ја приближиме традиционалната македонска храна на што повеќе љубители на добрата храна. А за тоа нема друго подобро место од аеродромот „Ататурк” во Истанбул, каде што дневно минуваат повеќе од 150.000 патници од целиот свет,“  изјави бренд менаџерот на Мама'с, Калин Бабушку.

Аеродромот Мустафа Кемал Ататурк во Истанбул е третиот по број на патници во Европа, после аеродромите во Лондон и Париз, а пред аеродромот во Франкфурт. Јунифри дјути фри продавниците се присутни на 13 меѓународни аеродроми, меѓу кои и аеродромите во Истанбул, Измир, Анкара, Рига и др.

Производите на „Мама'с" може да се најдат во над 35 земји во светот. Од неодамна тие се продаваат и во Јунифри дјути фри продавниците на Приштинскиот аеродром, покрај оние во Скопје и Охрид.

                                                                                              Комерцијален текст

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе