МаксТВ - прослава со промотивни услуги за корисниците

Семејството на најдобрата интерактивна телевизија во Македонија континуирано расте и се зголемувa. Вкупно 135.000 семејства во Македонија ja одбраа MaксТВ (МаxTV), со што потврдуваат дека е најпосакуваната телевизија во земјата.

Оваа револуционерна услуга од самото воведување постави нови стандарди на ТВ пазарот, а низ годините Македонски телеком постојано ја унапредуваше и подобруваше, согласно потребите и барањата на корисниците. Затоа, денес дури 40 отсто од семејствата ја преферираат MаксТВ и е нивниот избор број 1.

Македонски телеком бележи голем успех со дигиталната телевизија благодарение на корисниците кои што ги препознаа пред сè квалитетот, ексклузивните содржини, неограничените можности за интеракција, како и уникатното ТВ искуство коешто го овозможува MaксТВ услугата. Телеком го прославува овој успех обезбедувајќи им промотивни услуги за корисниците.

Почнувајќи од денеска, корисниците можат да активираат ХБО (HBO) и СпортХД (Sport HD) пакет, како и дополнителни 10 ГБ мобилен интернет, без надомест.

Сите приватни корисници на MaксТВ можат да ги активираат HBO и Sport HD промотивните пакети преку TелекомMK апликацијата и да уживаат во ексклузивните филмски и спортски содржини бесплатно до средината на јануари, следната година.

Промотивниот месечен мобилен интернет од 10 ГБ е без надомест. Достапен е за сите приватни постпејд корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели. Приватните постпејд корисници можат да го активираат само преку мобилната апликација Телеком MK, а деловните корисници со јавување на 120, во промотивниот период, заклучно со 31 декември. Промотивниот интернет е со важност 30 дена од активирањето.

Повеќе информации за понудата можат да се добијат на следниов линк.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе