Годишен пресек

Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Макстил, како општествено одговорна и транспарентна компанија почнува со јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци за време на работењето на фабриката.

Според годишните мерења на компанијата, во месеците кога се одвива производство, максималната достигната вредност на емисии на прашина е 0,74 mg/Nm3, што е повеќе од 25 пати под дозволената граница од 20 mg/Nm3. Како компанија, изминатите години вложивме големи средства и инвестиции во поставување на високо технолошки процеси за контролирање на производството. Максималното намалување на емисиите на прашина во воздухот е приоритет во нашата работа.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на работењето на компанијата во изминатата година и движењето на емисии на цврсти честички (вклучително и ПМ 10 и ПМ 2,5). Погонот Челичарница немаше никаков производствен процес во месеците февруари, мај, јуни, август и ноември оваа година, а во останатите месеци работеше просечно по 15 дена во месецот.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе