Макстил: Работиме според имплементирана А дозвола. Инспекторатот: Има недоследности

Изминатиот ден беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИЖС за утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД. Во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, би сакале да ја информираме јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените вредности се многукратно помали од дозволените).

За време на посетата инспекторите информираа дека има поплаки од граѓаните за зголемена бучава по што беа презентирани мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и беше утврдено дека се во рамките на дозволеното.

Покрај Макстил АД, во комплексот на поранешна Железарница работат преку 60 правни субјекти, од кои за жал, според кажувањето на ДИЖС, голем дел немаат ни основни еколошки елаборати.

Приоритет ни е како компанија почитување на сите законски обврски и сигурни сме дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола.

Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки, како би се детектирале вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите, соопшти Макстил АД Скопје.

На барање на граѓаните од Гази Баба кои се жалеле поради високото загадување од минатата седмица и бучавата во кругот на Железара, Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Инспекторатот на Град Скопје направила два вонредни надзори во индустриската зона, каде покрај Макстил, работат и повеќе други правни субјекти. Инспекторите на ДИЖС констатирале дека во оваа средина повеќе правни субјекти работат без елаборати за заштита на животната средина.

Првиот надзор, информираат од ДИЖС, беше спроведен на 9 декември, во работно време и беше утврдено јасно прекршување на Законот, односно констатирано дека повеќе правни субјекти работат без елаборати за заштита на животната средина, што значи немаат програма со мерки за заштита на животната средина и надзор врз спроведувањето на мерките. Од Инспекторатот посочуваат дека сите субјекти се задолжени во најкус можен рок да изработат елаборати и да обезбедат одобрение од соодветна институција во согласност со закон.

Вториот надзор беше извршен на 10 декември, во вечерните часови, во присуство лично и на директорката на инспекторатот, Ана Петровска, раководителот на градскиот инспекторат Горан Трајчевски, акредитирана лабораторија и екипа од Канал 5 телевизија. Во тој момент, ниту еден од субјектите во кругот на Железара не работеше, освен Макстил. Инспекторите и централната акредитирана лабораторија на МЖСПП направија мерења на лице место, а резултатите се очекуваат во текот на следните денови, се наведува во соопштението на Инспекторатот.

Оттаму посочуваат дека во текот на инспекцискиот надзор е побарано објаснување за бучавата на која се жалеле граѓаните на Гази Баба. „Беше потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо, која и покрај изолацијата на погонот, создава силни звуци кои пробиваат во надворешната околина. Макстил е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните“, соопштуваат од Државниот инспекторат за животна средина.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе