„План за чист воздух”

Макрадули: Владата ќе го намалува загадувањето во Скопје за 50 отсто, во другите градови за 30-50 отсто

Топловодната мрежа ќе биде проширена, а бргу очекувам да донесеме и одлука ДДВ-то за испорачана топлинска енергија да го намалиме од 18 на 5 порценти за дополнително стимулирање на вклучувањето, рече заменик министерот за екологија Јани Макрадули на денешната презентација на мерките за намалување на загадувањето.

Програмата со двегодишниот „План за чист воздух“ на Владата предвидува за две години загадувањето на воздухот во Скопје да се намали за 50 отсто, а во другите градови во државата помеѓу 30 и 50 проценти, и да не остане ниту едно домаќинство што ќе се грее на јаглен, нафта или кокс, изјави Макрадули, според кого борбата со аерозагадувањето ќе биде стратешки приоритет во 2019 година.

Тој кажа дека освен субвенции за набавка на хибридни возила, ќе воведат и зимски режим на сообраќај таму каде загадувањето е поголемо.

„Ќе има контролиран сообраќај во централното градско подрачје со претходни алтернативни решенија за паркинзи и движење на возилата од градскиот сообраќај. Планираме пилот училишни автобуси, забрана за движење на возилата за градежништвото кога е двојно зголемено загадувањето”, рече Макрадули.

Исто така, најави дека итно ќе се реализира планот за зазеленување со средства од компензацијата за изградба  на гасоводот на Водно, стимулирање изградба на зелени покриви, редизајнирање на  јавни запуштени во зелени површини… Обврска ќе биде и контролата каде се остава градежниот шут од објекти кои се градат. Исклучително важна компонента е и менаџирањето и третирањето на отпадот, па меѓу мерките во тој дел е поставување мрежа на Вардар зашто позитивни резултати има од Треска во Македонски Брод пред влевањето во Козјак. На граѓаните ќе и бидат достапни апликации за депонирање отпад и ќе ги имаат на увид сите компании што имаат легална важечка А или Б дозвола за работа. Според најавите, ќе се користат и сателитски снимки за идентификација на сопствениците на стрништата што се палат, ќе се зголеми и бројот на инспектори и ќе биде воведена втора смена и дежурства, а ќе се засили мониторингот и уште на почетокот на 2019 ќе се набават комплетно нови инструменти за сите постојни 18 станици за мерење на квалитетот на воздухот.

 

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе