„Пошта“ во незавидна ситуација

Макрадули: На „Пошта“ ѝ треба излез од милионскиот минус и млад стручен кадар

Покрај eпидемијата во земјава со ковид-19, на Пошта лани ѝ се случи и стечајот на Еуростандар банка што од 12 август сериозно придонесе за негативниот финансиски тренд на компанијата и генерирање сериозни загуби, изјави генералниот директор на Пошта Јани Макрадули на стартот на платниот промет во 35 поштенски единици во партнерство со Халк - банка. Макрадули рече дека наследил 2,5 милиони евра тековен минус и десетина милиони акумулиран минус.

„Во најдобрите денови имало и по два милиони денари дневен промет, односно од 15 до 20 милиони денари месечно со што излегува дека загубите од неработењето на платниот промет се големи, рече Макрадули по посетата на поштата во Карпош заедно со членот на Управниот одбор на Халкбанк А.Д. Скопје, Буке Геречџи.

Пошта ја наследил со тековен финансиски минус од 2,5 милиони евра и акумулиран минус од десетина милиони евра.

„Со одлуки на владите и на Собранието се простени долговите кон Пошта, а 4,2 милиони акции кои се продале од Поштенска банка пред десетина години не биле вратени во Пошта и се акумулирал минус од десетина милиони евра. Но, ние мораме да најдеме начин финансиски да ја стабилизираме компанијата и тоа ќе го направиме со воведување на нови услуги, со електронската трговија која верувам дека ќе започне на 8 март и со воведување и на други заеднички услуги со нашите партнери од Халк банка", рече Макрадули.

Пошта, како што посочи, има 2035 вработени од кои 800 се пошто - разнесувачи, а заедно со шалтерите на платен промет се околу 1.300. Вишокот вработени е во делот на администрација.

„Имаме луѓе кои не придонесуваат, а товарот паѓа на другите кои ја вршат и нивната работа. Во овој момент сакаме финансиски да ја стабилизираме компанијата. Во структурата на вработените 60 проценти се повозраасните од 55 години, додека пак, 60 отсто од вработените имаат само средно образование. Голем дел одат во пензија и , рече Макрадули, според кого, предноста на Пошта е што има инфраструктура низ целата држава.

Сепак, рече, поребно е да се увезе знаење и пракса од некои пошти од регионот каде електронската трговија достигнува близу 70 проценти во приходниот дел.

Пошта во партнерство со Халк банка од денеска повторно ја стартува работата на платниот промет. Денеска стартуваа услугите во 35 поштенски единици, за утре или задутре е најавено отворање на уште една, а до крајот на неделава, по истекувањето на тест периодот за софтверски и безбедносни протоколи и за продукцискиот дел, ќе почне во сите 300 единици ширум земјава.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе