Фирмите, како што рече, имаат можност до 23 септември да се јават на повикот на Министерството во рамки на спроведување на планот за чист воздух.
„Повикот е во рамки на имплементација на планот за чист воздух откако мината година на предлог на граѓанската организција Еко Герила дојде до иницијатива за поставување филтри на мали и средни претријатрија кои дел од отпадот го користат за затоплување. Истовремено дадовме 5,2 милиона денари за општина Тетово за објект каде што треба да биде заменето затоплувањето. Средствата се префрлени и очекуваме да изберат некој јавен објект. Целта е што помалку објекти да загадуваат. Има и други ииницијативи сите јавни институции да не загадуваат и да го заменат мазутот со друг начин на затоплување. Веруваме дека процесот полесно ќе тече и со гасисификација“, рече Макрадули.
Во проектот е предвидено да бидат опфатени 30 фирми според одредени критериуми, а вредноста на субвенциите е 2,5 милиони денари.
„Со ова се бориме со самиот извор на загадување. Задоволни сме што Владата одлучи да ги субвенционира фирмите, а ние како организација ќе бидеме од техничка помош околу документацијата. Би сакале да биде продолжен рокот зашто фирмите сѐ уште не разбрале“, изјави Аријанит Џафери од Еко Герила.
МИА