Стопанска комора на Македонија

Макпрогрес Виница го отвори „Винчини Центарот за развој и Прогресив академија“

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, со потпретседателката Елена Милевска-Штрбевска и в.д. оперативниот директор за развој, иновации и знаења во Комората Михајло Донев, денеска ќе присуствуваат на свеченото отворање на „Винчини Центарот за развој и Прогресив Академија“ во Виница, под слоганот – Нови патишта за успехот во регионот.

Проектот кој Макпрогрес доо Виница успешно го реализира во услови на една од најголемите светски здравствени кризи со сериозни економски импликации јасно ја покажува определбата на компанијата за континуирано инвестирање во еден од клучните предуслови за развој – стручен и соодветен кадар. Следејќи ги моделите на развиените земји со потврден квалитетен систем на образование, Макпрогрес реализира уште една во низата успешни бизнис приказни. Кон крајот на 2019 година одлучува да инвестира во развоен центар за нови производи и решенија со своите вработени, бизнис партнери, добавувачи, старт-ап компаниите, академската и научната фела, учениците од дуалното образование и младите за да одговорат на предизвиците на создавање на квалитетни производи и решенија во прехранбената индустрија, за одржлив развој на регионот.

Овој концепт на работа, преку научно – истражувачки анализи да се развиваат иновативни производи, треба да бидат пример за компаниите дека само така се доаѓа до поуспешни, конкурентни фирми препознатливи и кај нас и ширум светот, а академиите кои се насочени кон професионална надградба на нивните стручни кадри, но и на извршните менаџери секако дека ќе придонесат за развојот на бизнис-секторот во овој регион, а со тоа и во државата.

Инвестирањето во образование на кадри за потребите на бизнисот е една од клучните заложби и на Стопанската комора за што веќе се преземаат и конкретни чекори преку секторот за развој, иновации и знаења при Комората, односно преку Советот за унапредување на високото образование, во насока на усогласување на понудата со побарувачката на работна сила, од една страна, како и поттикнување на инвестициите и извозот, од друга страна, како претпоставка за стабилна и развојна економија.

Анализите кои ги прави Комората од областа на пазарот на трудот, покажуваат дека нам ни е потребно токму она што го прави сега Макпрогрес со овој проект, а тоа е потесно специјализирање на кадарот и насоченост кон иновации и развој имајќи го предвид податокот дека 53% од новите работни места бараат стручно образование во определена област.

Истражувачките и развојните центри треба да бидат клучната основа од каде што треба да се појде при градењето на стратегиите и дефинирањето на чекорите за натамошно придвижување напред, на економски план. Научно-истражувачки анализи, а не паушални констатации е нашето мото, се вели во соопштението на Стопанската комора.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе