Макпетрол: За декември намалени цените на природен гас и метан

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1.000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 11 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 134,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 123,5 денари за килограм или 88 денари за литар“, соопшти „Макпетрол“.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе