Макпетрол: Власта не се откажува од акцизата за нафтата во корист на граѓаните

Согласно нашите пресметки, за наредната недела очекувавме цени пониски за 0,5 денари по литар кај сите деривати, од објавените во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, соопштува „Макпетрол".

„Веднаш ја воочивме разликата, која не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиов период, туку во основа разликите произлегуваат од механизмот на заокружување со малопродажните цени на нафтените деривати, во новата одлука и правилникот на РКЕ. Да појасниме, во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна, така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа. Но, во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати заокружувањето повторно се пресметува, се додава кај акцизата, но само во позитивен правец.

Се поставува прашањето кој стравуваше од механизмот на слободно формирање на цени? Кој и зошто ја наметнуваше тезата во јавноста дека цените во услови на слободно формирање ќе дивеат? Нам како трговци, одговорот ни е јасен. Во овој случај, очигледно РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии, не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата, за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјава“, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе