Макпетрол совети за возачите – што сѐ влијае на потрошувачката на гориво

Потрошувачката на гориво е еден од главните фактори при избор на автомобил, но повеќето возачи знаат дека во секојдневни услови е многу тешко да се постигне фабричката потрошувачка.

Врз потрошувачката на гориво влијаат повеќе фактори. Меѓу најважните се стилот на возење и одржувањето на возилото, но и некои поситни работи како непотребен товар или додатоци.

Нередовното одржување може да ја зголеми потрошувачката и до 30 проценти. Само замена на нечисти свеќички може да ја намали потрошувачката за 5 проценти, а 0,07 бари понизок притисок во пневматиците потрошувачката на гориво може да ја зголеми до 3 проценти. Нечист или затнат филтер за воздух може да ја намали ефикасноста на моторот и за 10 проценти. Користењето на масло за мотор, кое не е со препорачаниот квалитет на производителот на автомобилот, може да ја зголеми потрошувачката за 1-2 процента.

Редовното одржување на моторот на возилото е клучно. Прво на удар кога ќе се вклучи жолтата сијаличка за моторот, се зголемената потрошувачка на гориво и зголемената емисија на издувни гасови. Вообичаено, на почетокот е лесно да се отстрани дефектот и најчесто станува збор за свеќици, кабли, некој филтер што е многу евтино и брзо сервисирање во однос на „данокот“ што се плаќа со подолго возење во таква состојба. Зголемената потрошувачка негативно влијае на економичноста на возењето, но и ако подолго време не се сервисира ваквиот проблем може да влијае на оштетување на некој од сензорите за смеса на воздух – гориво во моторот, па дури и на побрзо  гушење на катализаторот или некој од сензорите на издувниот систем. Сето тоа се, вообичаено, посложени и поскапи сервисни постапки, што е потешко да се откријат и да се отстранат брзо.

Стилот на возење значително влијае на потрошувачката. Смиреното возење е најбезбедно, а може да потроши и за една третина помалку гориво во споредба со агресивното возење со чести непотребни забрзувања и нагли кочења. Со постепеното забрзување, држење постојана брзина и користење на моторно кочење и постепено забавување ќе бидете и побезбедни и ќе потрошите помалку гориво.

Запомнете, за помала потрошувачка бидете – нежни со педалот за гас, без непотребно забрзување и нагло запирање, секогаш префрлете во повисок степен и користете моторно кочење.

Дополнителниот товар и додатоци кои ја намалуваат аеродинамичноста на возилото, исто така, ја зголемуваат потрошувачката. Со секои 45 килограми дополнителен товар во возилото, потрошувачката расте за 1-2 процента. Шините на покривот и кутијата, создаваат дополнителен отпор што може да ја зголеми потрошувачката на гориво и за 5 проценти. Возењето со отворени прозорци, исто така, го зголемуваат отпорот на возилото и придонесуваат за поголема потрошувачка.

Избегнувајте ги високите вртежи на моторот и високата брзина на движење. Колку побрзо се движите, толку повеќе гориво ќе потрошите. При брзина од 110 километри на час, потрошувачката е за 30 проценти повисока, во споредба со брзина од 80 километри на час.

Доброто планирање на патувањата, исто така, влијае на крајната потрошувачка. Ќе избегнете непотребни застанувања или кружења, но и непотребни нервози и гужви. Мапите на паметните телефони, во препорачаната рута на движење, веќе ги пресметуваат и гужвите низ градските средини. Низ градските гужви, секогаш кога треба да стоите во место подолго од половина минута, исклучете го моторот.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе