Mакпетрол со нова генерација Ултра горива со нови адитиви

Макпетрол АД како општествено одговорна компанија и компанија која се грижи за задоволување на потребите на своите ценети потрошувачи секогаш е во чекор со најновиот техничко-технолошки напредок во примената на најновите адитиви за подобрување на карактеристиките на горивата како од експлоатационен така и од заштитен карактер на самото возило како и животната средина.

Во соработка со еден од најголемите производители на адитиви во светот - Afton Chemicals, Макпетрол АД во нашиот веќе препознатлив ULTRA бренд на горива започна со примена на најновата генерација на адитиви кои се препорачани како за најновите модели на возила со бензински и дизел мотор така се прилагодени и на постарите системи со што се грижиме за сите наши корисници без исклучок.

Новите генерации на модерни бензински и дизел мотори бараат модерни моторни горива, а нивниот развој мора да ги следи следниве насоки:

- намалување на потрошувачката и зголемување на енергетската ефикасност;

- се грижи за постојаност на перформансите и заштита на моторот во текот на целата негова експлоатација;

- намалување на емисиите и негативното влијание на користењето гориво врз животната средина.

Со нова, иновативна и подобрена технологија за чистење - Dual Action Technology развиена од страна на Afton Chemicals, обединета во интелигентна молекуларна структура на адитиви, обезбеден e речиси совршен ефект на чистење и заштита на моторот и по искористување на само еден полн резервоар од ULTRA горивото. Резултатот е создавање на оптимални услови во моторот, што значи континуирана моќ и ефикасност. Повеќе степениот заштитен ефект на адитивот гарантира дека проектираните можностите на моторот се одржуваат во текот на целата негова работа на оптимално ниво, За возврат на тоа, се намалува потрошувачката на гориво (за повеќе од 4%) и емисиите на штетни производи од согорување (и до повеќе од 10%), ја подобрува оперативната доверливост, економичноста при возење како и ги редуцира сервисните трошоци за корисникот.

Новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology гарантираат комплетно чистење и заштита од создавање на наслаги на вентилите/инјекторите и подобрена заштита од нивно абење и корозија. Мазивната компонента која е дел од адитивот спречува абење на подвижните делови од системот за довод, распрскување и согорување на моторот со што моторот на возилото работи помирно и потивко.

ULTRA моторните горива се тестирани и се комплетно компатибилни со сите модерни системи за филтрирање и чистење на издувните гасови кои денес се вградуваат во возилата.

Комерцијален текст

 

 

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе