Соопштение

„Макпетрол": Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови

Компанијата „Макпетрол“ денеска, уште во раните утрински часови, го обезбеди сето расположливо гориво од „Окта", а истото во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол", информира оваа компанија и порачува дека очекувањата се  снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол" во следните денови да се нормализира. 

Во соопштението од „Макпетрол“ се наведува дека состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, дека цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери.

„Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер 'Окта' во недела не работи. Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици“,  истакнуваат од „Макпетрол".

Компанијата информира дека денеска, уште во раните утрински часови, го обезбеди сето расположливо гориво од „Окта", а истото во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол".

Очекувањата се дека снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол" во следните денови ќе се нормализира, велат од компанијата.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе