Реакција

Макпетрол: Регулаторната комисија за енергетика пак ја потврди својата нестручност

Со одлуката од 22 октомври Регулаторната комисија за енергетика уште еднаш ја потврди својата нестручност и селективна примена на Законот за енергетика, а дополнително во образложението за одлуката наведува невистинити информации. Ова се вели во реакцијата на компанијата Макпетрол на одлуката на РКЕ за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот за премија, транспортините трошоци до склад во Македонија, висината на надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи.

„Поради нестручноста и селективноста на членовите на РКЕ, Макпетрол АД како и многу пати до сега, повторно бара либерализација на пазарот односно, слободен пазар при формирање на цените на нафтените деривати. Впрочем, исто како што е либерализиран пазарот и во земјите членки на Европската Унија, со кои РКЕ ги прави споредбите.

Ваквото однесување на членовите на РКЕ создава само штети и несигурност на пазарот, бидејќи  нафтените компании преку овие несовесни политики се спречени да инвестираат во својот развој, како и во развојот на своите вработени“, се вели во реакцијата на Макпетрол.

Владеачката партија СДСМ во својата предизборна програма како еден од приоритетите ја наведе и либерализацијата на пазарот со нафта и нафтени деривати.

 

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе