„Макпетрол“ редовно ги дезинфицира бензинските станици

Справувањето со пандемијата на вирусот ковид-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички како општество.

Макпетрол АД постојано работи на обезбедување на безбедни услови за вработените и потрошувачите. Затоа, апелираме и инсистираме на строго почитување на донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално функционирање и во новонастанатите услови.

Бензинските станици на Макпетрол АД редовно се дезинфицираат и вработените ги применуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но неопходно е сите да придонесеме преку доследно следење на препораките.

Максималниот број на присутни во продавниците се ограничува до три лица, а  кафематите се ставаат надвор од употреба. Секој е одговорен и може да придонесе кон поголема заштита на сите. Затоа, при посета на бензинските станици придржувајте се кон ограничувањето за максималниот број на присутни во продавницата и држете растојание од најмалку 1,5 метри додека се чека ред за каква било услуга.

Апелираме до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици. Притоа, уште еднаш ги потсетуваме потрошувачите да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.

Со заедничка посветеност и почитување на препораките ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.Останете дома и придонесете кон сопствената заштита и заштитата на сите останати. Јавното здравје е заедничка одговорност, соопшти компанијата.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе