Гасификација

„Макпетрол“ предвидува натамошно поевтинување на цената на природниот гас

Регулаторната комисија за енергетика реши да ги намали цените за пренос на природниот гас. Истовремено се намали и цената на набавната цена на енергенсот кој во Македонија доаѓа преку Газпром од Русија. Ова значи и намалување на трошоците на гасот за најмалку 20 отсто за компаниите кои го користат овој енергенс.

Намалувањето на набавната цена на гасот се одрази и на малопродажната цена на метанот. Новата цена на овој енергенс е за 3,5 денари помала, и сега чини 36 денари за килограм.

Набавната цена на природниот гас од почетокот на овој месец е намалена за 48 долари.

Од компанијата „Макпетрол“, увозник на природен гас во Македонија велат дека согласно договорот за снабдување со природен гас со долгогодишниот деловен партнер „Газпром Експорт“ - Руска Федерација, набавната цена на природниот гас од 1 јули годинава е намалена за 48 долари/1000 Нм3.

„Ова намалување на набавната цена за нас како снабдувач со природен гас на домашниот пазар ќе ни овозможи формирање на пониска квартална цена за нашите деловни партнери, кои во тековниот квартал ќе добијат цена пониска за 20 отсто во однос на цената во претходниот квартал. Имено, намалувањето на набавната цена ќе се одрази и на намалување на малопродажната цена на метанот“, велат од „Макпетрол“.

Одговорните лица во „Макпетрол“ предвидуваат дека и во следниот квартал ќе се намали набавната цена што, како што велат, позитивно ќе влијае на формирање пониска продажна цена на природен гас и метан на домашниот пазар. Од компанијата апелираат граѓаните да користат еколошки горива кои ја заштитуваат и животната средина.

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вели дека цената за пренос на гас ќе го намали трошокот за индустријата, но и за топланите што пак би ја намалило цената за топлинската енергија. Ова е влог, вели Бислимовски, во засилена гасификација на државата.

 

 

 

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе