Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена“, како и еден официјален Фејсбук профил, „Макпетрол ултра“. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб-страници на компанијата и програмата за лојалност „Верна“, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна – Една и единствена“ која се емитува на телевизија „Телма“. Дополнително, по секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол-центар на компанијата - истакнуваат од „Макпетрол“.
Компанијата веќе го пријави случајот кај надлежните институции, а ги советуваме граѓаните доколку наидат на вакви или слични лажни наградни игри да го сторат истото и да не ги земаат за релевантни.