Макпетрол ја реновира бензинската станица во Битола

Инвестицискиот циклус на Макпетрол АД продолжува со завршување на реновирањето на бензинската станица во Битола. Со тоа, бензинската станица доби карактеристики на модерна и функционална единица која ќе ги задоволи сите потреби на потрошувачите, велат од компанијата.

Целосната инвестиција во оваа бензиска станица изнесува околу 18 милиони  денари и истата овозможи целосно модернизирање на станицата. На бензиската станица достапни се сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителните услуги што ќе можат да се добијат во современата продавница. Бензинската станица ги исполнува сите безбедносно - технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди, посочуваат од компанијата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе