„Макпетрол“ го отстапи хотелот во Маврово за државен карантин

Целосниот капацитет на хотелот „Макпетрол“ во Маврово е ставен на располагање на лицата кои треба да поминат 14 дена во изолација или државен карантин.

„Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со вирусот ковид-19, а целосно следејќи ги потребите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за формирање државни карантини за населението, Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните кои ќе користат легло за изолација или карантин.

Целосно сме подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.

Како општествено одговорна компанија сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот свет“, соопшти компанијата.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе