Макпетрол ги формира цените за нафтените деривати според светски призната методологија

Макпетрол АД Скопје ги формираше цените на нафтените деривати за нивните бензински станици според светски призната методологија која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите.

Компанијата информира дека по настапувањето на периодот во кој Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) не донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно досегашната методологија која престана да важи. РКЕ јавно се произнесе дека нема да определува највисоки цени на нафтените деривати до носењето на нова методологија, па Макпетрол пристапи кон формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати кои се достапни на нивните бензински станици.

Ова се цените кои ќе важат по бензинските станици на Макпетрол:

- Ултра 95+ економи ќе се продава по цена од 71 денар за литар;

- Ултра 100 рејс про ќе се продава по цена од 73 денари за литар;

- Ултра дизел грин пауер ќе се продава по цена  од 64 денари за литар;

- Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65 денари за литар;

- Екстра лесното ќе се продава по цена од 54 денари за литар.

Макпетрол информира дека ако цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени определени од методологијата на компанијата.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе