„Макпетрол“ донира медицинска опрема за Министерството за здравство

Макпетрол“ како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3,2 милиони денари на Министерството за здравство на Македонија.

„Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот ковид-19 не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество.

Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација. Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате. Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот ковид19“, соопшти „Макпетрол“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе