„Макпетрол“ донира 16.500 литри млазно гориво и 8.000 литри дизел за екипите што гаснат пожари

Како општествено одговорна компанија, која секогаш ги поддржува иницијативите што ја зајакнуваат заедницата, компанијата „Макпетрол“ одлучи да донира 1,5 милиони  денари, односно 16.500 литри млазно гориво и 8.000 литри дизел на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел да помогне во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава, соопшти компанијата.

Овие 16.500 литри млазно гориво би ги користеле леталата при сузбивањето на огнените стихии, додека 8.000 литри дизел се наменети за противпожарните возила, што во овој момент ги задоволува потребите на дирекцијата.

Продолжувајќи ги неколкудецениските практики на општествена одговорност „Макпетрол“ поднесе иницијатива наведеното количество гориво да биде отстапено без паричен надоместок. Компанијата на тој начин се надева дека ќе им обезбеди поддршка и на институциите и на граѓаните кои неуморно се вклучени во запирање на пожарите што ја зафатија земјава.

„Тоа што изминатиов период се случува не само во нашето најблиско опкружување, туку и во регионот и во светот, е непогода од застрашувачки размери која што може да остави несогледливи последици врз целото општество. Во моменти како овие, секој од нас, и како индивидуи и како компании, потребно е да демонстрира висок степен на солидарност и да помогне според сопствените можности со цел да се минимизираат идните штети и да се заштити и природата и човечките животи. Се надеваме дека со оваа донација ќе дадеме придонес во целосното сузбивање на пожарите“, истакнуваат од „Макпетрол“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе