„Макпетрол“: Целосно сме посветени на заштитата на нашите вработени и клиенти

При посета на нашите бензински станици ги советуваме потрошувачите да внимаваат да не се создаваат непотребни застои и групирања, односно максималната бројка на присутни во продавниците да биде ограничена до три лица, како и задолжително да се одржува препорачаното растојание кога се чека во ред за било каква услуга, се вели во соопштението на Макпетрол.

„Апелираме до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици. Постојано ги обучуваме и информираме нашите вработени, со цел стручно и професионално да излеземе во пресрет на сите потреби и очекувања од страна на потрошувачите. Секојдневно работиме со нашите вработени и инсистираме да ги почитуваат донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално однесување во новонастанатите услови. Истовремено ги поддржуваме вработените на бензинските станици во нивната заложба за хумано, етичко и професионално однесување во овие вонредни услови, знаејќи дека со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици.

Истовремено ги информираме нашите потрошувачи дека поставените кафемати во нашите бензински станици, од денесква во 20 часот нема да бидат во функција“, соопшти „Макпетрол“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе