Макпетрол АД Скопје го поддржа настанот „1st Skopje Vespa Days“

Сите учесници на манифестацијата „1st Skopje Vespa Days" добија ваучери за гориво од по 300 денари. Организаторот на оваа манифестација е здружението Веспа клуб Скопје сака да понуди едно поинакво доживување во градот Скопје, да го промовираат во вистинско светло пред гостите од другите држави и преку дружба да покажат дека луѓето кои се вљубеници во Веспа се дел од едно поголемо, глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон Веспа моторите и спојот на безбедноста и стилот.

Со своето дефиле учесниците на овој настан промовираа култура на возење и безбедност во сообракајот што е од висока важност за нашата заедница, и една од заложбите на нашата компанија.

Претставниците од Макпетрол АД Скопје ги доделија и наградите од второто редовно и првото мастер коло од наградната игра „Верна повторно наградува“.

Вчера во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите. Со секои впишани 10 поени на Верна картичката, членовите на Верна програмата за лојалност добиваат по една шанса за награда.

Наградната игра почна на 1 март 2018 година и ќе трае до 15 декември 2018 година, а ќе се одвива во 8 посебни редовни кола, 4 мастер кола и едно финално Мастер коло.

Трајко Лефко беше среќен добитник на лаптоп Дел, додека Сашо Ивановски си замина дома со скутер Хонда.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе