Македонско-руска комора: Нема веќе никакви пречки на руската граница за македонските производи

Во Скопје денеска беше организирана деловна средба на тема „Иднината на економските односи со Руската Федерација". На настанот на присутните им се обратија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Александрович Баздникин, претседателот на Македонскo-руската стопанска комора Ѓорѓи Дика и извршниот директор Дејан Бешлиев.

Министерот Николовски се осврна на постојните добри економски односи помеѓу двете земји и забележа дека е потребно нивно интензивирање, подвлекувајќи дека по речиси петгодишна пауза оваа година во Македонија ќе се одржи средба на мешовитата меѓувладина комисија, за што особено бил заинтересиран и премиерот Зоран Заев.

„Интензивирањето на економската и секаква друга соработка ќе биде централна тема и на идниот состанок на меѓувладината македонско-руска комисија за трговско, економска и научно-техничка соработка кој оваа година ќе се одржи во Скопје“, истакна Николовски. 

Во своето обраќање амбасадорот Баздникин, осврнувајќи се на економските односи помеѓу двете земји, ја повтори изјавата дека Москва е подготвена да соработува со Македонија до оној степен до кој таа е подготвена за тоа. Притоа, тој ја истакна и огромната улога што во процесот на економските односи ја има Македонско-руската стопанска комора.

„Резултатите од работата на Македонско-руската стопанска комора се евидентни. Сепак, не треба да останеме таму каде што сме. Се уште имаме значителен нереализиран потенцијал за соработка. Ние сме подготвени да соработуваме толку поинтензивно колку што сакате“, подвлече амбасадорот Баздникин. 

Ѓорѓи Дика, пак, во своето обраќање го искажа својот оптимистички став, со оглед на прогресот во економските односи помеѓу двете земји од основањето на Македонско-руската стопанска комора пред 14 години до денес.

„Ваквата активност, односно соработка, ќе продолжи и во иднина. Притоа, според информациите добиени од стопанствениците, а особено гледајќи ја вкупната статистика, станува сосема јасно дека и во иднина мораме максимално да се потрудиме во намалувањето големиот финансиски дефицит во трговската размена со Русија, и тоа во услови на сложена економска состојба во светот. Но, токму тоа е нашиот мотив за посилен поттик на македонските извозници кон рускиот пазар, особено на оние кои се производители на земјоделски производи и пијалаци (овошје, зеленчук, тутун, вино), но и на низа други гранки кои трепеливо ја отвораат вратата и се доближуваат до потрошувачите во оваа земја. Дозволете, на крајот да повторам дека основната причина на нашето делување е Македонск0-руската стопанска комора да продолжи да се развива како ефикасен стопански мост и субјект во процесот на остварувањето нови бизнис релации со руските компании. Сметам дека сите ние, членови на оваа Комора, иднината на економскиот развој на нашата држава и стопанство ја гледаме и преку соработка со партнерите од Руската Федерација“, рече како заклучок Дика. 

Зборувајќи за сето она што го има сработено Комората во изминативе 14 години, извршниот директот Дејан Бешлиев, оцени дека економските односи помеѓу двете земји се движат во нагорна линија и дека постојано се отвораат нови патишта за меѓусебна соработка. Тој исто така истакна дека важни фактори во подобрувањето на економската клима е, од една страна, меѓувладината македонско-руска комисија и, од друга страна, изложбениот центар „Македонски дом“ кој пред две години беше отворен во Москва. Бешлиев ја искористи можноста уште еднаш да ги увери стопанствениците и воопшто граѓаните дека не постојат никакви пречки за преминување на границата на Руската Федерација за македонските превозници.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе