Македонско кредитно биро со „Сопствен извештај“ на корисниците за попаметно управување со финансиските средства

Основна функција на кредитното биро е да врши собирање и обработување на податоци за обврските на субјектите на податоци со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на правните и физичките лица.

МКБ управува со најголемата и најкомплексна база на податоци за обврските на правните и физичките лица во Република Македонија. Содржи податоци за околу 1.350.000 физички лица и 105.000 правни лица. Податоците се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Една од услугите кои ги нуди МКБ е услугата “Сопствен извештај“ кој на корисниците им нуди на располагање извештаи со податоци за нивните финансиски обврски. Сопствен извештај може да побара секое физичко лице лично за себе, неограничен број пати и на тој начин да се информира за неговите лични обврски и нивно полесно менаџирање. Истиот може да го преземе во канцелариите на кредитното биро на адреса бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1 (Комплекс банки) на V кат и онлајн со регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.

Комерцијален текст

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе