Верона

Македонските вина на еден од најголемите саеми за вино во Европа

Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – „Vinitaly 2022" кој оваа година се одржуваше од 10 до 13 април во Верона, Италија. На саемот беа преставени вина од 4.500 винарии, пред 20.000 професионална винска публика од светот.

Во рамки на саемот се одржала и посебна мастерклас дегустација на македонските вина од сортата „вранец“ и преку стручна презентација биле презентирани посебните карактеристики на оваа сорта која е најзначајна во земјава.

„Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Северна Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата“, велат од „Вина од Македонија“.

Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година. 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе