Експертска комисија за трговските ознаки

Македонските компании ќе можат да ја користат придавката, но не и терминот „Македонија“

Не е дијалог меѓу државите, тоа е дијалог меѓу бизнис заедниците и затоа очекуваме во следниот период, следната седмица или таа по неа, да започне бизнис дијалогот меѓу двете страни, чија координација, од грчка страна ја има Централната унија на комори, Федерацијата на индустрии на Грција и Здружението на грчки извозници, рекол генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, Јанис Брахос на одржаната прес конференција во Солун, по средбата со државниот секретар во македонското МНР, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Брахос, како што пренесува МИА, истакнал дека преку оваа средба што била во многу добра клима, но и преку другите средби што ќе следат, „се спроведува обврзувањето на двајцата премиери за почеток на дијалог за трговските ознаки“.

Генералниот секретар во грчкото МНР изразил увереност дека овие разговори набргу ќе донесат резултат и за да се надминат политичките дискусии кои доста често ја „заматуваат“ реалноста.

Брахос појаснил дека „терминот Македонија, не може да се користи од компании во соседната земја, може да се користи придавката“ и ја истакнал потребата да се направи „централно разграничување меѓу географските ознаки и имиња“.

„На пријателите од север“, како што вели Брахос, им објасниле дека „насоката на разговорите е заснована на европското право и на неопходната адаптација кон него, а ова секако се однесува и на географските ознаки“.

„Од страна на Северна Македонија, рамката што ја разгледуваат како трета земја е рамката на WIPO (СОИС), на меѓународната организација, но е точна и треба да имаме на ум дека статусот за почеток на преговорите за земјата и постојниот договор за асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ бара од нив целосно да го интегрираат европскиот закон. Според тоа, дури и ако постојат различни толкувања, она што преовладува во Европа е европското право, кое јасно е во иста насока и со меѓународното право“, додава тој.

Во однос на експертската група, таа ќе биде составена од пет членови од Грција, пет од Македонија, но и од меѓународните организации за интелектуална сопственост, а Договорот од Преспа предвидува период од најмногу три години за финализирање на разговорите.

На прес-конференцијата присуствувал и претседателот на адвокатските здруженија од Солун и потпретседател на експертската група за трговските ознаки, Евстатиос Куцохинас, според кого, вчерашниот состанок бил „прва средба за запознавање“ на која грчката страна ги поставила основните оски на движење, со главен критериум европското прво и во однос на трговските ознаки и во однос на другите права.

Државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски и генералниот секретар за меѓународни економски односи во МНР на Грција, Јанис Брахос по вчерашната нивна средба во Солун, излегоа со заедничка изјава во која велат дека „иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донесовме заклучок и ги поставивме политичките основи за одржување на првата пленарна седница на Групата во јуни“.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе