Македонски телеком: Не е активирана 5Г мрежата, да не дозволиме лажните вести да креираат паника

Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски телеком ја активира тестната 5Г мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на граѓаните.

Без докази и факти  преку споделување лажни вести и стари медиумски написи од 2018 и 2019 година во погрешен контекст, се креира невистинита и негативна кампања за 5G мрежата и се шири непотребна паника во услови кога треба да останеме смирени. 
Македонски телеком најодговорно тврди дека нема 5Г мрежа во употреба. Надлежните институции немаат спроведено ниту постапка за доделување фреквенции за 5Г.
Досега е направено прво демо во 2018 и вршени се тестирања за функционирање на оваа нова технологија само во лабораториски услови и на мал ограничен простор во 2019 година. Така што, неосновани се сите напади дека во моментот се вршат масовни тестирања низ државата. 
5Г е нов технолошки стандард на светско ниво и секоја држава одлучува за имплементација на 5G согласно претходнo стандардизирана научна методологија која операторите треба да ја следат, а надлежните институции да ја мониторираат. 
Како надлежна институција, АЕК  редовно врши  мерења за нејонизирачко зрачење. Во декември 2019, АЕК направи тестирања на пробната 5G инсталација, при што констатира дека вкупното зрачење на ограничениот простор за 5G тестирање е далеку пониско од максимално дозволените граници. http://aek.mk/ 
Како лидер во новите комуникациски технологии, нашата цел е да ги донесеме најновите технологии во корист на граѓаните и целото општество, но притоа да ги следиме сите безбедносни чекори во соработка со надлежните институции и државата. 
Во ситуација на пандемија во светки рамки, наш приоритет е да обезбедиме непречена комуникација преку постојната инфраструктура. Да не дозволиме лажните вести и напади да креираат паника меѓу граѓаните, соопшти Македонски телеком.
 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе